Објавен списокот на ракометари кои ќе настапат на ЕХФ шампионатот

Стручниот штаб на машката младинска репрезентација го објави списокот на ракометари за настап на претстојниот ЕХФ шампионат.

Младинската репрезентација на Македонија е дел од групата Б на ЕХФ шампионатот 2022 заедно со репрезентациите на Романија, Украина, Швајцарија и Косово. Натпреварите ќе се оддиграат во Варна, Бугарија.

Првиот натпревар на Македонија е против селекцијата на Украина, на 16.07 (сабота) во 17:00 часот.

Распоред и термини на натпревари на Македонија:

16.07.2022 – Украина 17:00 часот

17.07.2022 – Косово 18:00 часот

20.07.2022 – Романија 14:00 часот

21.07.2022 – Швајцарија 14:00 часот

Сите натпревари на нашата репрезентација од MEN’S 20 EHF CHAMPIONSHIP 2022 ќе можат да се следат во живо на https://ehftv.com/home.

Се вчитува...