Објавени составите на машката и женска селекција кои ќе не претставуваат на Шаховската Олимпијада во Узбекистан

Сениорските шаховски репрезентации на Македонија во моментов реализираат подготвителен камп пред учеството на Шаховската Олимпијада во Самарканд, Узбекистан.

Селекторите на двете селекции веќе ги одредија составите кои ќе ги бранат боите на Македонија на Шаховската Олимпијада.

Селекторот на машката репрезентација, Трајко Недев, во репрезентативниот состав ќе смета на Филип Панчевски, Тони Лазов, Емил Ристески, Антон Златков и Никола Николовски, додека селекторот на женската селекција Љубиша Андоновски се одлучи за Моника Стојковска, Ивана Манова, Моника Жежовска, Сања Трајковска и Катерина Петровска.

Се вчитува...