Објавени цензурирани аудио снимки од „Последниот танц“ – Џордан во солзи по освојување на 4. прстен во НБА (ВИДЕО)

„Последниот танц“ кој е посветен на легендарната генерација на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан ги урива сите рекорди на гледаност во Соединетите Американски Држави. Во осмата епизода главна приказна беше враќањето на „Ем Џеј“ во НБА и освојувањето на четвртиот прстен, по авантурата во бејзбол лигата.

Булс во финалната серија славеа над Сиетл Суперсоникс со 4-2, а победата во одлучувачкиот меч беше на 16. јуни кој во САД се слави како ден на таткото. Во документарецот е покажана сцена како Џордан лежи на подот во соблекувалната и ја прегрнува топката, меѓутоа аудио снимката е цензурирана.

Неколку дена подоцна се појави и аудио запис од сцената во која Џордан плаче од болка за загубениот татко кој е убиен три години порано.

Џејмс Џордан е убиен на 23. јуни 1993. година на одморалиште на автопат од страна на Даниел Грин и Кери Мартин Демери кои се осудени на доживотен затвор.

Се вчитува...