Ветеранот Рики Рубио би можел неочекувано да се врати на евролигашката сцена и да заигра за Панатинаикос! Оваа сензационална вест ја пренесуваат извори од Шпанија, според кои Панатинаикос стапил во контакт со поранешниот НБА-играч и член на Барселона, испраќајќи му примамлива финансиска понуда.
Наводно, и Жељко Обрадовиќ разговарал со искусниот 36-годишен бек и му го претставил проектот на клубот. Се чека одговорот на Рубио, кој побарал една недела за размислување и донесување одлука.
Минатата сезона Рубио настапуваше за Хувентуд, каде што се врати по пауза од деценија и половина. Во НБА-лигата играше за Минесота, Јута, Феникс и Кливленд, а во два наврати го носеше и дресот на Барселона.
Пред седум години тој беше прогласен за МВП на Светското првенство, на кое ја освои титулата со Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
