Обрадовиќ: Горд сум што праќам кошаркари во НБА

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ говореше за тоа дека е горд бидејќи многу кошаркари кои тој ги тренирал заминале во НБА.

„Нема причина да бидам незадоволен за тоа што мои кошаркари заминуваат во НБА. Многу сум горд на нив, поради тоа што преку мои клубови успеваат да потпишат со НБА тимови. Им посакувам се најдобро во продолжението на кариерите“, изјави Обрадовиќ. 

Иако дел од врвните играчи редовно си заминуваат од Фенербахче, Обрадовиќ редовно успева да се пласира со овој клуб на завршниот турнир од Евролигата.

Се вчитува...