Обрадовиќ: Ретко кога сум доживеал ваков срам… кошаркарите како да не сакаа да играат

Партизан забележа нов двоцифрен пораз откако загуби на гостувањето кај Дубаи во дербито на 5. коло од АБА лигата. Натпреварот беше рамноправен до третата четвртина по што домаќините ги земаа работите во свои раце и со доминантна игра забележаа значајна победа.

Незадоволството не го криеше тренерот Жељко Обрадовиќ кој изјави дека неговиот тим доживеал голем срам кој не сака никогаш повеќе да се оствари.

„Честитки до Дубаи за заслужената победа. Натпреварот беше интересен до средината на третата четвртина, но целосно застанавме, престанавме да играме, а некои играчи изгледаа како да немаат желба да играат. Неколку дена претходно игравме со многу енергија против Барселона, очекував слична реакција вечерва пред Олимпијакос, но наместо тоа се случи нешто што не сакам да го видам.

Прикажавме многу лоша слика, ќе направиме сe за да се осигураме дека тоа никогаш повеќе нема да се случи. Атмосферата беше одлична, а луѓето на трибините заслужуваа да ги видат моите играчи во добро светло, но наместо тоа изгледаа срамно, навистина срамно. Многу, многу сум разочаран“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...