Тренерот на Црвена Звезда, Саша Обрадовиќ, го навлече бесот на сопствените навивачи и сеирот на противниците откако изјави дека очекувањата на јавноста дека „црвено-белите“ треба да се пласираат во плејофот од Евролигата биле нереални.
Белградскиот тим сериозно инвестираше во играчкиот кадар минатото лето, потоа доведе уште неколку нови играчи и во текот на сезоната, но успеа да стигне само до десеттото место и во плејин натпреварувањето убедливо загуби од Барселона.
„Прво, би сакал да ставам до знаење – нашата сезона во Евролигата не беше неуспех и не треба да биде претставувана така. Очекувањата беа преголеми, го имам тоа кажано и не сакам да се навраќам, сигурно дека некои работи можевме да ги направиме подобро, но не ми се допаѓа кога за нашата сезона се говори во негативна конотација. Исто така, би сакал да напоменам дека екипата беше селектирана од друг тренер, потоа требаше да се адаптира на моите тактички замисли, имавме и многу проблеми со повреди, сето тоа влијаеше конечниот резултат да биде таков каков што беше. Евролигата заврши, а сега се вртиме кон домашното првенство и АБА-лигата, секако посакуваме два трофеја во овие две натпреварувања“, прокоментира Саша Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
