Обрадовиќ: Супер било човек да се одмори од кошарката

Жељко Обрадовиќ има зад себе пребогата тренерска кариера, но српскиот стратег изненади многумина со одлуката да си замине од клупата на Фенербахче и да си земе една година одмор од ангажманот на највисоко ниво. Ова е вторпат во неговата кариера Србинот да земе година одмор, откако истото го стори и во 2012 година по заминувањето од Панатинаикос.

„Многу сум задоволен од мојата одлука, супер се чувствувам и мислам дека го направив вистинскиот чекор. Супер било човек да се одмори од кошарката, времето го минувам дружејќи се со пријатели, за што немав време во претходните години“, истакна Обрадовиќ.

Воедно, тој откри дека е во постојан контакт и со новиот тренер на Фенербахче, сонародникот Игор Кокошков.

„Секако, цело време се слушаме со Кокошков. Му посакувам се најдобро, Игор е извонреден тренер и воопшто не се сомневам дека ќе ги покаже своите квалитети и во Фенербахче“, изјави Жељко Обрадовиќ.

Се вчитува...