Обрадовиќ: Зошто не зборувавте толку гласно кога ја бомбардираа мојата земја?!

Војната во Украина е главна тема и за време на спортските натпревари, па така по мечот меѓу Лиеткабелис и Партизан во Еврокупот за свој коментар беше прашан и Жељко Обрадовиќ, трофејниот кошаркарски стратег кој седи на клупата на белградските црно-бели.

Одговорот на кошаркарскиот великан изненади многумина, но Обрадовиќ искрено говореше за сличната ситуација во која се најде неговата татковина.

„Не сакам да коментирам, ова не ми е прва војна во животот. Имам 62 години, се сеќавам на многу работи, но не се сеќавам луѓето толку гласно да зборуваа кога беше бомбардирана мојата земја во 1999 година. Бевме сведоци и на Ирак, Авганистан, Сирија… а сега луѓето зборуваат само за Украина. Секако, секој има право да зборува, јас лично како човек сум против секоја војна, трагично е кога се губат човечки животи“, истакна Жељко Обрадовиќ.

Се вчитува...