Обрван го сака Кире Лазаров во Шамбери

Поранешниот селектор на македонската репрезентација Ивица Обрван во плановите за следната сезона со францускиот Шамбери го има најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров. На македонскиот капитен летово му истекува договорот со Барселона, а тоа е доволна причина голем број клубови од Европа да покажат сериозен интерес за негов ангажман.

Од Шамбери во Монпелје се сели младиот француски репрезентативец Мелвин Ричардсон, а како прва опција за пополнување на десната бековска позиција, Ивица Обрван и неговиот помошник Данило Брестовац гледаат во Кире Лазаров.

Покрај понудата од Шамбери, за најдобриот стрелец на последното СП, во Франција е заинтересиран и Нант. Неофицијално, има сериозни понуди и обиди за Лазаров да се врати во Македонија.

За македонскиот капитен се уште е отворена опцијата и за продолжување на соработката со Барселона по истекот на актуелниот договор во јуни годинава, иако на неговата позиција каталонскиот тим неодамна го ангажира Словенецот Јуре Доленец, а со долгорочен договор од претходно во составот е и францускиот репрезентативец Дика Мем.

Се вчитува...