Очајната Хрватска загуби од Шведска во важен меч за пласман на СП

Хрватската кошаркарска репрезентација загуби од Шведска со 64-70 во 3. коло од квалификациите за Светското првенство.

За Хрватите сега сериозно е доведено во прашање учеството на Мундијалот, откако Хрватите загубија во првите два меча од Словенија и од Финска, па сега имаат три порази.

Вкупниот шут на Хрватска на денешниот дуел беше под 37%, напаѓајчки комплетно потфрлувајќи. Единствено задоволи Томислав Зубчиќ со 20 поени и четири скока. Кај Шведска најдобар беше Виктор Гадефорш со 16 поени, пет скока.

Во вториот меч од оваа група Финска на домашен терен ја победи Словенија со 86-76.

Хрватска во понеделник, 28. февруари, ја очекува гостувањето против Шведска во Норчепинг.

Се вчитува...