Петте македонски екипи, оние најдобрите од најсилната домашна лига, со очаен ефект ги завршуваат подготовките во турскиот туристички центар, Анталија.
И покрај тоа што остануваат уште два тест дуели за македонските тимови, оној на Шкендија против Динамо Киев, и на Македонија ЃП против украински Олимпик Доњецк, и досегашните пријателски натпревари повеќе од доволно зборуваат за повеќе од скромниот квалитет со кој располагаат македонските клубови, без разлика и на секогаш добро познатата флоскула која обожаваат да ја шират во вакви моменти: „резултатите не се во преден план“.
Од вкупно 22 одиграни натпревари на Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП, Силекс и Академија Пандев, запишани се седум ремија и дури 15 порази, и со ‘повеќе од жална’ гол-разлика од 15-47!
Единствено Шкупи може да се пофали барем дека не доживеа пораз, со четири ремија (и гол-разлика од 4-4) враќајќи се во Скопје.
ЕФЕКТОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕКИПИ ВО АНТАЛИЈА (0 победи, 7 ремија, 15 порази, гол-разлика: 15-47)
ШКЕНДИЈА (две ремија, еден пораз, гол-разлика: 3-5)
Шкендија – Зорија (Укр) 1-1
Шкендија – Десна (Укр) 1-3
Шкендија – Кајсар (Укр) 1-1
Шкендија – Динамо Киев (Укр) (7. Февруари)
ШКУПИ (четири ремија, гол-разлика: 4-4)
Шкупи – Оболон Киев (Укр) 2-2
Шкупи – Ахмат Грозни (Рус) 1-1
Шкупи – Лвов (Укр) 1-1
Шкупи – Уфа (Рус) 0-0
СИЛЕКС (шест порази, гол-разлика: 4-19)
Силекс – Нови Пазар (Срб) 0-1
Силекс – Колос (Укр) 1-2
Силекс – Шахтјор Доњецк (Укр) 1-4
Силекс – Партизан (Срб) 0-3
Силекс – Нижни Новгород (Рус) 1-5
Силекс – Арсенал Тула (Рус) 1-4
АК. ПАНДЕВ (едно реми, три порази, гол-разлика: 2-9)
Ак. Пандев – Арберија (Кос) 1-1
Ак. Пандев – Ц. Звезда (Срб) 0-5
Ак. Пандев – Спартак Москва (Рус) 0-1
Ак. Пандев – Оболон Киев (Укр) 1-2
МАКЕДОНИЈА ЃП (пет порази, 2-10)
Македонија ЃП – Александрија (Укр) 1-4
Македонија ЃП – Инхулец (Укр) 0-2
Македонија ЃП – ЦСКА Софија (Буг) 0-1
Mакедонија ЃП – Монтана (Буг) 0-1
Македонија ЃП – Минај (Укр) 1-2
Македонија ЃП – Олимпик Доњецк (Укр) (5.февруари)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА