Баерн Минхен се интересира за актуелниот играч на Баер Леверкузен, и еден од најголемите германски таленти Флоријан Вирц. Минхенскиот клуб веќе работи на негов трансфер, додека самиот фудбалер се опоравува од повредата на вркстените лигаменти.
Наводно „Баварците“ го известиле агентот на Вирц да ги информира кога ќе сака да го напушти тимот. Тоа може да се случи и на крајот од оваа сезона доколку Леверкузен не излезе во Лигата на шампионите, а имаше слаб почеток на сезоната.
Вирц и посредник во преговорите имале веќе средба со Баерн, каде што „Баварците“ му ветиле главна улога, со што и самиот играч бил импресиониран и подготвен да се пресели во Баерн.
Во март оваа година 19-годишниот фудбалер ги скина лигаментите, и наскоро треба да се врати на терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА