Очекувано: Елмас меѓу седумте играчи на трансфер-листата на Лајпциг

Елиф Елмас не се снајде најдобро во Лајпциг, беше испратен на позајмица најпрвин во Торино, потоа и во Наполи, а македонскиот репрезентативец ќе ја мине и наредната сезона надвор од овој германски прволигаш.

Елмас ги одработува подготовките на бундеслигашот под водство на новиот тренер Мартин Демикелис, но аргентинскиот стратег веќе ставил до знаење дека македонскиот „дијамант“ може интензивно да бара нов клуб до крајот на овој преоден рок.

Како што јавува „Билд“, стратегот на Лајпциг објавил трансфер-листа од седум фудбалери на чии услуги нема да смета, на која покрај Елмас се наоѓаат и дефанзивецот Гертруда, белгискиот талент Артур Фермерен, како и Клостерман, Банзузи, Хардер и Битшиабу.

Добра вест е што, според „Билд“, Лајпциг е подготвен да прифати и позајмици за овие фудбалери, што значително ги зголемува шансите за атрактивен трансфер на Елмас ако се знае дека и Наполи и Јувентус веќе покажаа сериозен интерес, но само доколку стане збор за позајмица, а не за перманентен трансфер.

Постои сериозен интерес за камбек во Турција каде Бешикташ го „мерка“ нашиот фудбалски бисер, ситуацијата се следи и во англиската Премиер-лига, па интересно ќе биде да се види каде ќе настапува Елмас во сезоната 2026/27.

Се вчитува...