Очекувано: Пандев во тимот на колото во Серија А (ФОТО)

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев сосема очекувано се најде во тимот на колото во Серија А по двата постигнати погодоци во ремито (2-2) на Џенова со Беневенто.

Капитенот на македонската репрезентација со двата нови погодоци стигна до бројката од 100 свои гола во Серија А. Пандев е со една од најдобрите оценки во идеалниот тим на „Софаскор“.

 

Се вчитува...