Очекувано – Зајон Вилијамсон прв пик на драфтот во НБА лигата

Зајон Вилијамсон е избран за прв пик на овогодинашниот НБА драфт. Младиот крилен кошаркар на Дјук, беше избран од страна на Њу Орлеанс Пеликанс, кои имаа среќа на лотаријата да го добијата првиот пик, кој се знаеше дека ќе биде Вилијамсон.

18-годишникот минатата сезона во Дјук ја заврши со просек од 22,6 поени и 8,9 скока по натпревар. Како втор пик, од страна на Мемфис Гризлис беше избран Џа Морант, кои минатите две сезони настапуваше за Мареј Стејт. Третиот пик го имаа Њујорк Никс, а тие се одлучија за Канаѓанецот Еј Џеј Барет кој беше соиграч на Вилијамсон во Дјук.

До 10. пик слеудваа Деандре Хантер (Атланта), Даријус Гарланд (Кливленд), Џерет Калвер (Минесота), Коби Вајт (Чикаго), Џексон Хејс (Њу Орлеанс), Руи Хачимура (Вашингтон) и Кем Редиш (Атланта).

 

Се вчитува...