Од 16. август само вакцинирани ќе може да присуствуваат на спортски настани во Македонија

Македонската влада на вечерашната своја седница донесе одлука од 16. август на сите спортски настани во земјава ќе може да се присуствува единствено со потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза. Ова ќе важи за лица над 18-годишна возраст.

„Од 16. август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани). Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст“ – се вели во информацијата од Владата.

Од Владата дополнуваат дека ќе бидат задолжени надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19.

Се вчитува...