Од 47. минута на „Вембли“ никому не му е до фудбал – Лук Шо изнесен на носила (ВИДЕО)

Англија и Шпанија на „Вембли“ во Лондон во моментов играат натпревар од Лигата на нации, но по 47. минута на дуелот се чини никому не му е до фудбал.

Шпанците водат со 1-2 во меч во кој сите погодоци беа постигнати во првото полувреме. Почетокот на вториот дел донесе тежок пад и повреда на Лук Шо. Левиот бек на англиската репрезентација никако нема среќа со повредите. Имаше одличен почеток на сезоната во Манчестер, доби награда и за играч на месец август, но сега доживеа незгодна повреда.

На носилки беше изнесен од стадионот… По неговата повреда и фудбалот падна на „Вембли“ останувајќи во втор план…

Се вчитува...