Од Аталанта незадоволни од судењето: „Некого нервираме кога ќе се искачиме високо на табелата“

Вчера Аталанта одигра нерешено 4-4 против Торино, во неверојатен натпревар во Серија „А“, со што Аталанта направи чекор назад од излезот во Европа следнат асезона.

Тимот од Бергамо го освои 55-тиот бод, со што заостанува еден бод од Лацио кој во моментов е на местото кое носи во Лигата на Конференции, и три помалку од Рома на местото кое носи во Лигата на Европа.

Аталанта после натпреварот имаше замерки кон судењето.

„Знаевме дека Торино ќе ни направи неволја, а мечот испадна спектакуларен. Ако кажеме дека сме незадоволни од арбитражата, ќе излезе дека плачеме. Но, оваа сезона често се среќаваме со вакви ситуации, а многу од нив беа игнорнирани од сите, и од медиумите. Веројатно нервираме некого кога ќе се искачиме горе на табелата. Но, ќе продолжиме да се бориме“, рече помошникот тренер на Аталанта, Тулио Грити.

Се вчитува...