Од Баерн до Ајакс и Вилјареал, на крај во Турција: Динамо го продаде Ливаковиќ за 10 милиони евра

По заминувањето на Здравко Мамиќ, Динамо стана многу „дарежлив“ и ги продава своите играчи за мала сума на пари, а не како што тоа на времето го правеше легендарниот претседател на клубот.

Така после продажбата на капитенот Аријан Адеми за 1-2 милиони евра, сега Динамо го продаде голманот Доминик Ливаковиќ за 10 милиони евра. Станува за хрватскиот голман број 1 во репрезентацијата, каде што после Мундијалот во Катар се шпекулираше дека за него се интересираат гиганти од типот на Баерн Минхен, Вилјареал, Ајакс…

На крајот Ливаковиќ ќе заврши во Галатасарај, каде што ќе се сели од лето. Ливаковиќ ќе биде замена за легендарниот Фернандо Муслера, кој најавил пензија по завршувањето на сезоната, па турскиот тим за 10 милиони евра ќе го добие потписот на Хрватот.

Ливаковиќ има договор до 2024 година, па јасно е зошто Динамо сака да го продаде сега на лето. Одличниот голман во моментов на „Максимир“ има плата од 600.000 евра годишно, но во Галатасарај таа сума ќе изнесува повеќе од 1 милион.

Се вчитува...