Од Белгија до Шкендија: Шампионот се засили со Албанецот Гури (ФОТО)

За продолжението од сезоната во Првата македонска лига, Шкендија се засили со досегашниот член на белгискиот тим Остенде, Албанецот Синдрит Гури.

27-годишниот напаѓач доаѓе во редовите на шампионот како замена за Бесарт Ибраими кој ја продолжи кариерата во грчки Ксанти.

„Пресреќен сум со овој трансфер. Кога дознав дека можам да дојдам во Шкендија без размислување дојдов во Тетово да потпишам. Многу сум среќен што по три години се враќам во албански тим, но уште посреќен што се приклучувам на тим како Шкендија. Правам вистински чекор во кариерата затоа што Шкендија е актуелен шампион на Македонија, со амбиции за нова титула“ – вели Гури по промоцијата во новиот дрес.

Гури пред трансферот во Остенде претходно во својата кариера има настапи само за албанските Беса, Влазнија, Кастриоти и Кукс. Има и еден официјален настап за албанската репрезентација.

Се вчитува...