Од бордел директно на терен: Зависен од сексот, фудбалерот кој играше за Интер, Милан, Јувентус…

Легендарниот италијански фудбалер и тренер, Џузепе Меаца во историјата ќе остане запаметен како еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Беше уметник со топката во чија чест и стадионот во Милано го доби неговото име.

Меаца е роден на 23. август 1910 година, а почина на 21. август 1979 година. На фудбалската сцена се појави како 17-годишник во дресот на Амбросиана, поранешното име на Интер. Двапати го освои италијанскиот шампионат, а еднаш и Купот на Италија. Интересно, во 1940 година не одигра ниту еден натпревар, а веќе следната се пресели во дресот на најлутиот ривал, Милан. Во сезоната 1942/43 играше за торински Јувентус со што ја комплетираше големата италијанска тројка.

Славниот Џузепе трипати беше и најдобар стрелец во италијанското првенство, а својата голгетерска способност ја покажа во настапите за италијанската селекција каде и дебитираше во 1930 година на мечот против Швајцарија и постигна два гола.

Но, неговите почетоци не беа баш така одлично како и неговата кариера. Мајка му постојано го терала да работи во семејната месарница и дури била и присилена да му ја сокрива спортската опрема како малиот Пепино не би губел време по ливадите со топката. Но, ништо со тоа не постигнала затоа што и босоног ништо не го спречувало да биде најдобар меѓу врсниците.

Дури кога наполнил 12 години добил дозвола за тренинг каде еден од навивачите му ги купил првите копачки. Заштитниот знак на Меаца бил крадењето топка на средината од теренот, дриблање на целата одбрана и голманот, и лежерно постигнување гол.

Иако остави неизбришлива трага на италијанските фудбалски терени, истото може да се каже и за италијанските бордели. Добро се познати приказните дека Пепино пред натпреварите редовно ги посетувал „дамите на ноќта“ како би бил што поподготвен за натпреварите.

„Зависен сум од сексот… Тоа ми дава сила за секој натпревар“ – знаел да каже легендарниот Џузепе Меаца.

Се вчитува...