Од готово – вересија: Македонија имаше триумф во Рејкјавик, па им подари бод на Исланѓаните!

Македонската репрезентација не успеа да слави против Исланд во 5. коло од Групата Ј во квалификациите за СП 2022. И покрај водството од 0-2 се до 77. минута, на крајот македонските фудбалер само по своја вина дозволија два гола на домашните за конечни 2-2. Македонија подобра на гостувањет

Македонија со две промени во почетната постава го почна натпреварот на Исланд, во однос на оној со Ерменија во Скопје. Милан Ристовски на местото на Јаховиќ во нападот, и Стефан Спировски место Александар Трајковски.

Во далеку подобра игра од домашните Македонија до предноста дојде со голот на Дарко Велковски уште во 12. минута од средбата, кој одлично реагираше со глава по корнерот на Езгијан Алиоски.

Во продолжението дополнително засилена офанзивна игра на избраниците на Боби Милевски кои имаа можност и за зголемување на предност. Во 25. минута обид на Алиоски, но домашниот голман брани. Веќе во 27.минута и одличен шут на Костадинов од 20 метри, но повторно брани Рунарсон. Во 35.минута повторно убава можност за македонската селекција, Елмас во акција во позиција за шут од 15 метри, но расчистува домашната одбрана.

Во финишот на полувреме одлична шанса за Енис Барди кој имаше можност и за 0-2, но Бјарнасон го блокира неговиот шут од 12 метри.

Во второто полувреме иста слика на теренот. Одлична игра на македонската селекција која по првите обиди на Милан Ристовски и на Костадинов, со нов гол е крунисана во 54. минута. Извонредна соло акција на Езгијан Алиоски кој шутира од 20 метри ниско по земја и мајсторски погодува за 0-2.

Исланѓанте запишаа погодок во 64. минута, но оправдано поништен и по прегледувањето на ВАР-системот. Сепак, во 78. минута погодок на Бјарнасон кој овој пат не беше поништен од ВАР-системот иако се прегледуваше. Гудмандсон шутираше од 25 метри од слободен удар, топката ја одби Димитриевски а налета Бјарнасон и од непосредна близина неспречен од никого стрелаше за 1-2.

Македонија веднаш возврати. Повторно одлична акција, Трајковски откосо од 12 метри шутира, но дирекот овој пат ги спасува Исланѓаните не дозволувајќи гол за 1-3.

И во 84. минута казна на спротивната страна. По една безопасна акција, Исланѓаните се прошета низ македонската одбрана и Гудјонсен од непосредна близина израмнува на 2-2.

Во 90. минута по корнерот Муслиу одлично се обиде со глава, но одбрани домашниот голман. Во 94. и в 95. минута Исланд повторно се спаси од пораз. На самата гол линија спаси Бјарнасон по одличниот обид со глава на Чурлинов, а веднаш потоа и шутот на Јаховиќ со глава заврши сантиметри покрај дирекот.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022 – 5. КОЛО
ИСЛАНД – МАКЕДОНИЈА 2-2 (0-1)
Стадион „Лаугардасволур“ во Рејкјавик. Стрелци: Бјарнасон 78′, Гудјонсен 84′ (И) – Велковски 12′, Алиоски 54′ (М). Ж. картони: Гудмандсон (И) – С. Ристовски, Јаховиќ (М).
ИСЛАНД: Рунарсон, Севарсон, Арнарсон, Бјарнсон, Торарисон (66′ Скуласон), Балдусорн (60′ Хелгасон), Б. Бјарнсон, Јоханесон, Андерсон (60′ Торстенстон), Кјартансон (60′ Сигурдсон), Гудмандсон
Селектор: Арнар Видарсон
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски (90’+1 Ристевски), Муслиу, Алиоски, Барди (71′ Трајковски), Спировски, Елмас, Костадинов (80′ Јаховиќ), Чурлинов, М. Ристовски (80′ Аврамовски)
Селектор: Благоја Милевски

Се вчитува...