Од Интер порачаа: Нема шанси Икарди да го продадеме во Јувентус

Сагата на Мауро Икарди ги полни насловните страници во Италија и во цела Европа, а првиот човек на Интер, Стивен Жанг, порача дека Аргентинецот во никој случај нема да биде продаден на големиот конкурент Јувентус.

Икарди ја загуби капитенската лента и не беше во составот на „нероаѕурите“ на двата последни меча, иако како ’оправдание’ беше наведено дека е повреден. Но, јасно е дека се водат преговори за нов договор, а неговата сопруга и агент Ванда Нара претерала со барањата кон Интер.

„Во фудбалот никогаш не се вели ’никогаш’, посебно за зделки со Јувентус. Но, нема никаква шанса Икарди да го продадеме на Јувентус. Доволно говоревме на оваа тема минатата седмица и треба да ја испратиме приказната во историјата. Преговараме за нов договор со Мауро, но клубот секогаш е поважен од еден играч“, истакна претседателот на Интер.

Се вчитува...