Од излезна врата до капитен на Реал Мадрид – Анчелоти изненади со одлуката за предводник на „кралевите“

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја потврди информацијата дека 33-годишниот бразилски бек Марсело ќе продолжи да игра за клубот од Мадрид и ќе го замени Серхио Рамос како капитен на тимот. Бразилецот беше на излезна врата од Реал, но работите се променија пред еден месец, па Перез и Анчелоти му понудија нова шанса.

Да се потсетиме, Марсело се приклучи на Реал Мадрид на 1 јануари 2007 година. Актуелниот договор помеѓу играчот и клубот е со важност до 2022 година. Во последната сезона од Шпанското првенство, Бразилецот учествуваше на 16 натпревари, на кои забележа 2 асистенции. Исто така зад неговото име тој запиша една асистенција на 2 натпревари во Лигата на шампионите.

„Марсело ќе биде наш капитен следната сезона. Тешко е да се најде друг бек како Марсело. Тој и Роберто Карлос се најдобри на оваа позиција во историјата“, изјави Перез.

На крајот на сезоната 2020/21, Реал Мадрид заврши на второто место во Пример и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите, каде загуби од Челси.

Се вчитува...