Од коронавирус почина поранешен двократен олимписки првак

Силвестер Чоланји, олимписки шампион на карики во Сиднеј 200 година, почина како последици од коронавирус. Унгарскиот ас бил во болница уште од крајот на минатата година. Освен злато од Сиднеј, Чоланји го освои златото на карики и четири години порано во Атланта.

Во 2002 година го освои и златото на СП во Дебрецен, а на светските првенства има и пет сребрени медали. Во пензија заминал во 2004 година, и стана тренер на детска гимнастика.

Се вчитува...