Нина Драма, чие вистинско име е Нина-Мари Даниеле, е една од најпрепознатливите медиумски личности во светот на УФЦ и боречките спортови. Таа е родена во Њујорк, каде што ја започнала својата кариера како модел, пред да стекне светска популарност на социјалните мрежи.
Стана позната за пошироката јавност кога беше избрана за „Плејбој плејмејт на месецот“ во 2017 година, а следната година ја освои и престижната титула „Плејбој плејмејт на годината“, со што стана едно од најпознатите имиња на списанието.
По успехот во манекенството, таа одлучи да ја насочи својата кариера кон спортското новинарство и дигиталните медиуми. Вистински заблеска по доаѓањето во УФЦ, каде што брзо ја освои публиката благодарение на својата харизма, смисла за хумор и спонтан пристап.
Нејзините интервјуа со најголемите ММА ѕвезди, вклучувајќи ги Ислам Махачев, Алекс Переира, Шон О’Мали и Александар Волкановски, често стануваат вирални и бројат милиони прегледи.
Фановите ја ценат поради опуштената атмосфера што ја создава, но и поради тоа што успева да извлече интересни и необични одговори од борците. Денес, таа важи за едно од заштитните лица на дигиталната содржина на УФЦ и за еден од највлијателните спортски инфлуенсери, додека на социјалните мрежи ја следи милионска публика која со голем интерес го следи секое нејзино ново интервју и појавување.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
