Од пола терен, со само една рака (ВИДЕО)

Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Стивен Адамс постигна неверојатен кош во натпреварот против Њу Орлеанс Пеликанс кој неговиот тим го доби со 118-123. Центарот на Тандер со звукот на сирената на крајот на првото полувреме успеа со една рака да погоди од центарот на теренот. Ова беше последен натпревар пред „Ол-стар“ викендот кој почнува вечерва со мечот меѓу „Ѕвездите во подем“ во НБА лигата.

Се вчитува...