Македонскиот фудбалер Георг Стојановски, инаку внук на прославениот стратег Ѓоко Хаџиевски се најде во центарот на вниманието на бугарската јавност.
Токму Стојановски е стрелец на првиот гол во новата сезона во Бугарија, откако млладиот напаѓач стрелаше прецизно од половина терен на дуелот меѓу неговиот тим Спартак Варна и ЦСКА 1948.
Обидот на Стојановски беше прецизен, но не премногу силен, но благодарение на несмасната интервенција на голманот на гостите топката на крајот заврши во мрежата.
Погодокот на македонскиот фудбалер од половина терен можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
