Од утре на натпреварите од Првата лига само со сертификат за примена вакцина

Согласно одлуката на македонската Влада за воведување рестриктивни мерки за организација на спортски натпревари, од утре со натпреварите од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига присуство на стадионите ќе има само за лица вакцинирани против Ковид-19.

Од утрешното коло сите кои ќе сакаат во живо да ги следат фудбалските натпревари ќе мора да приложат сертификат за комплетна вакцинација или потврда за примена најмалку една доза вакцина против Ковид-19.

Во сила останува и од претходно донесената одлука за исполнетост на стадионите максимум 30% од капацитетот.

Исто така и претставниците на медиумите (новинари, фоторепортери и сниматели) за присуство на спортските натпревари ќе мора да имаат сертификат за комплетна вакцинација или потврда за примена најмалку една доза вакцина против Ковид-19.

Се вчитува...