Од Велс до Кипар: Петте можни противници на Шкендија за ЛШ

Шкендија утре ќе го дознае противникот за стартот од новата европска авантура, а во пресрет на ждрепката УЕФА денеска ги скрати листите на потенцијални противници.

Според најновите информации, тетовскиот клуб за ривал ќе добие еден од следните тимови: АПОЕЛ (Кипар), Шериф (Молдавија), ТНС (Велс), Карабах (Азербејџан) и Видеотон (Унгарија).

Јасно е, Шкендија се наоѓа во групата на аутсајдери, но со оглед на настапите на тетовци во текот на минатата сезона, нема причина за страв ниту за преголем респект. Најдобра варијанта во секој случај е велшкиот првак ТНС, а најлоша за „црвено-црните“ од Тетово би бил Видеотон, тим што инвестира сериозни пари, а во текот на минатата сезона во своите редови го донес еи македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

Се вчитува...