Од вкупно 352 тестирани фудбалски лица седум позитивни на Ковид-19

Во организација на Синдикатот на фудбалери на Македонија и Аџибадем Систина заклучно до денеска се тестирани точно 352 лица на Ковид-19 од македонските фудбалски клубови.
Најбројни меѓу нив беа фудбалерите и членовите на стручните штабови, но и вработените во клубовите кои имаат контакт со играчите. Фк Вардар, Фк Борец, Фк Шкендија, Фк Ренова, Фк Академија Пандев, Фк Работнички, Фк Македонија Ѓорче Петров од прволигашите, Фк Брегалница Штип од второлигашите, како и Фк Росоман и Фк Слога Виница од третолигашите учествуваа во ова тестирање.

„Тестирање ни одбија Фк Шкупи и Фк Струга со образложување дека ќе се тестираат во друга клиника. Тестирањето во Фк Силекс беше планирано за оваа недела, но бидејќи првенството е и официјално прекинато заклучивме дека нема потреба од нивно тестирање затоа што воопшто не тренираат.Доколку од Фк Силекс сметаат дека има потреба ние им стоиме на располагање и ќе им биде извршено тестирање“, нформираат од Синдикатот на фудбалери на Македонија

Од вкупно 352 теста позитивни на коронавирусот беа седум фудбалери и членови на стручен штаб, од кои двајца од Шкендија и пет од Ренова.

Се вчитува...