Одбиена жалбата на Барселона – Останува суспензијата од три меча за Левандовски

По елиминацијата на Полска од мундијалот во Катар, Роберт Левандовски доби нови лоши вести, комитетот за жалби при Фудбалската федерација на Шпанија го одби приговорот на Барселона, па суспензијата од три меча останува на сила.

Напаѓачот против Осасуна заработи два жолти картони за половина час и предвреме беше испратен во соблекувална, а дополнително си направи проблем откако го стави прстот под нос кога го напушташе теренот.

Полјакот доби еден натпревар суспензија за двата картони и исклучувањето, плус казна од уште два меча поради недоличниот гест. Барселона го оспори првиот картон, како и додатната казна од два меча, но комитетот за жалби при ФФШ само ја потврди првичната суспензија.

Се вчитува...