Одбиена жалбата на Фрајбург за 12 играчи на Баерн, одговорноста била на судијата

Германската фудбалска федерација ја одби жалбата на Фрајбург, за настапот на Баерн Минхен со 12 играчи на теренот во финишот на средбата. Фрајбург иако првично најави дека нема да се жали, сепак, на крајот испрати жалба и бараше службена победа во дуелот со Баерн.

Сепак, фудбалскиот сојуз на Германија ја одби истата со образложение дека вината била на судијата.

„Грешката што се случи не е по вина на Баерн, туку се однесува на судијата“, се вели во соопштението.

Баерн Минхен го доби натпреварот со 1-4, а во еден момент пред самиот финиш поради недоразбирање излегоа 12 играчи на теренот. Тоа траеше само неполна минута, пред да биде приметено.

Се вчитува...