Одблокирана сметката на Пелистер, отстранета и суспензијата за трансфери

Одблокирана е сметката на ФК Пелистер откако е исплатен комплетниот долг кон Мартин Ковачев поради кој „зелените“ имаа забрана и за реализација на трансфери.

По расчистувањето на долгот кон Ковачев сега Пелистер повторно може да реализира трансфер, веќе потпишувајќи го и првиот нов договор со ангажманот на 31-годишниот Филип Миленковски, кој повторно се враќа во Битола.

Според најавите од „пелистерци“, на клупата на тимот за новата сезона секако останува Димитар Капинковски кој треба да потпише нов договор. Пелистер првиот натпревар од новата сезона го игра на 8. август против Македонија ЃП во Скопје.

Се вчитува...