Одбојкарите доминантно против Исланд

Одбојкарската репрезентација на Македонија стигна до нова победа во Европската лига, откако вечерва во првиот меч на турнирот во Грција славеа против Исланд со максимални 3-0 по сетови 25-21, 25-23 и 25-19.

Избраниците на Јошко Миленковски во текот на целиот меч го контролираа резултатот и освен во вториот сет во кој Исланѓаните стигнаа до 23 поени, преостанатите два ги добија без поголеми проблеми. Најдобар поентер беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 24 поени, пред Лука Костиќ со десет поени, додека кај Исланд, најистакнат одбојкар беше Мани Матиасон со шест поени.

Утре Македонија ја чека вториот натпревар на овој турнир каде за противник ќе ја има домашната Грција.

Се вчитува...