Одбојкарите и вторпат убедливо поразени од Летонија (ФОТО)

Македонската одбојкарска репрезентација доживеа и втор убедлив пораз од селекцијата на Летонија во претпоследниот натпревар од групниот сегмент во Сребрената Европска лига.

Македонија загуби од Летонците на мечот во „Кале“ со 0-3 (26-28,27-29,17-25) успевајќи да парира единствено во првите два сета кои тесно ги загубивме. Откако не успеавме да парираме, на крајот следеше лесно освојување на Летонија и на третиот сет за конечен триумф.

Во првиот меѓусебен дуел Летонија исто така славеше со 3-0.

Па, по овој пораз Македонија и натаму останува на само една победа во групата. Но, за нашиот табор, резултатите од групата немаат значење бидејќи завршниот тунир на четирите најдобри селекции ќе се одржи во Скопје, а домаќинот има директен пласман.

Се вчитува...