Одбојкарите ја почнуваат европската одисеја: Очекувајте добри претстави од нас

Капитенот Никола Ѓорѓиев по долги години во националниот тим особено горд ќе ја предводи одбојкарската селецкија на Европското првенство во Словенија. Иако скептично влегол во подготвките, сега порачува дека тимот може до историски успех.

„Тренриравне многу, беше напорно особено тие недели во Маврово. Прво бев скептик бидејќи немаме официјален натпревар, пријателските натпревари се сосема нешто друго. но она што го видов на дуелите со Украина и со Бугарија ми влева надеж. Најголем пороблеми ни се повредите. Ова е најлошиот биланс со повреди што сме го имале досега. Овие подготвки беа на ниво на Бразил. Оргомен број квалитетни тренери работеа со нас. Сите бевме целина и мислам дека тоа ќе излезе на виделина“ – порачува Ѓоргиев.

Контролните натпревари, особени последните два го убедиле капитенот во добар настап во Љубљана.

„Имаме големи шанси, се зависи од нас. Ние играме пет години ф4 на Европска лига. Ќе ја бараме ннашата шанса против Финска, Белорусија и Турција. Имаме одлична генерација и одлична клупа. Секој секого може да замени и очекувајте добри претстави“ – вели капитенот.

Се вчитува...