Одбојкарскиот клуб Пробиштип со полна пареа се подготвува за почетокот на вториот дел од сезоната во домашното одбојкарско првенство. Од пред десет дена клубот е во фаза на подготовки за остатокот од домашното првенство во кое ќе се бори за освојување на титулата.
„Преодниот рок за играчи од домашното првенство заврши. Нашиот клуб нема нови играчи, но најважно е што сите останаа. Амбициите за највисок пласман остануваат“ – велат од клубот.
Во моментов, Пробиштип се наоѓа на делба на првото место на табелата покрај Струмица со максимални 18 бода односно шест победи, но и еден освоен сет помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА