Одбојкарите на УГД Штип против холандски Орион во Лигата на шампионите

Холандскиот претставник Орион Старс е противникот на македонскиот шампион Штип УГД во премиерниот настап, во првата рунда од квалификациите во ЦЕВ Лигата на шампионите.

Првиот натпревар нашиот првак го игра на гостински терен во периодот од 20 до 22 октомври, додека реваншот е една седмица подоцна во Македонија (27-29. октомври).

Доколку ја мине првата пречка Штип УГД во втората рунда ќе се соочи со АЦХ Волеј Љубљана. Првиот меч шампионот ќе го игра на домашен терен (3-5. ноември) додека вториот дуел е во терминот од 10 до 12 ноември.

Европската приказна, пак, за ОК Струмица во Челинџ Купот тргнува од првата рунда на гостувањето кај финска Састамина. Првиот меч се игра 10-12 ноември, додека струмичани пред својата публика ќе го играат реваншот 17-19 ноември.

Се вчитува...