Одбојкарската репрезентација на Македонија претрпе пораз од 3-0 на вториот контролен меч што нашата А-селекција го одигра во Подгорица против српскиот национален тим.
Откако вчерашниот прв дуел заврши 2-2, денешната пресметка мина во знакот на домашната селекција, но мора да се истакне дека Македонија се прикажа во квалитетно издание, а само немањето среќа во клучните моменти пресуди Црногорците да стигнат до максимален триумф.
Домашната селекција го доби првиот сет со минимални 28-26, вториот заврши 25-20, а најголема битка се водеше во третиот сет што нашите одбојкари го загубија со 31-29.
Македонската национална селекција во текот на утрешниот ден се враќа дома, по што ќе ги продолжи подготовките за згуснатиот распоред што ги очекува нашите одбојкари летово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
