Машката одбојкарска репрезентација на Македонија претрпе пораз од домаќинот Грција со максимални 3-0 (25-19, 25-20, 25-23) во рамките на вториот турнир од Европската лига.
Иако избраниците на стручниот штаб пружија силен отпор во поголемиот дел од мечот, разиграниот домаќин ја оправда фаворитската улога. По убедливиот прв сет за Грција, нашите одбојкари парираа во вториот сет сè до резултат 18-18, по што противникот со подобра игра на мрежа поведе со 2-0. Македонија имаше свои шанси и во третиот сет, каде во неколку наврати водеше (9-6, 10-7), но Грците брзо направија пресврт и го приведоа мечот до конечен триумф.
Најефикасен во македонскиот табор беше капитенот Никола Ѓоргиев со 11 поени, Филип Савовски постигна 10, додека Лука Костиќ и Стојан Илиев реализираа по седум поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
