Одбојкарите продолжуваат со подготовките за Европската лига (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската машка одбојкарска репрезентација ги продолжува подготовките во Скопје за претстојниот настап во Европската лига 2026 година. Втората фаза од тренинзите носи комплетирање на националниот тим, кој наскоро ќе работи во полн состав.

На 20. мај на репрезентацијата ќе и се приклучат Александар Љафтов и Филип Савовски. Со нивното пристигнување, стручниот штаб ќе ги има на располагање сите расположливи сили за темпирање на формата пред почетокот на турнирот.

Два пати натпревари од Европската лига ќе се играат и во Македонија, поточно во салата „Парк“ во Струмица. 

Се вчитува...