Одбојкарите против Австрија на последен тест пред ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација денеска против Австрија во Виена (19 ч.) ќе ја има последната контрола пред дебитантскиот настап на Еврпското првнество во Словенија. Нашиот тим вчера во воведната проверка против Австријците, која имаше неофицијален карактер, забележа максимална победа од 3-0 во сетови.

За македонскиот тим тоа беше трета победа во подготвителните натпревари. По мечот вечерва, македонската експедиција патува за Словенија каде што ќе има неколку денови за акомодација. Првенството го отвораме против Финска на 12. септември. Потоа редоследно играме против Турција, Русија, Белорусија и против Словенија.

За пласман во следната натпреварувчка фаза, потребно е македонскиот тим да биде до четвртото место на табелата во прелиминарниот сегмент од натпреварувањето.

Се вчитува...