Одбојкарите со пораз од Израел ја завршија Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Израел со максимални 3-0, и со тоа го заврши настапот во овогодинешното издание на Европската лига. Одбојкарите на турнирот во Приштина го доживеаја и третиот максимален пораз.

Првите два сета Израелците ги добија со 25-19, додека и во третиот сет немаше некоја поголема неизвесност, па Израелците го освоија со 25-14 за максимални 3-0.

Никола Ѓоргиев реализираше 15 поени, Филип Савовски имаше седум, додека Стојан Илиев запиша пет, а Лука Костиќ и Кристијан Илијев по три поени.

Ова беше третиот пораз на Македонија во шесте одиграни натпревари.

Се вчитува...