Одбојкарите убедливи против Бугарија

Одбојкарската репрезентација на Македонија го освои третото место на турнирот „Чајка“ откако во денешното мало финале триумфираше над Бугарија со максимални 3-0 во сетови.

По вчерашниот пораз од Украина со 1-3, овојпат нашите одбојкари влегоа максимално фокусирани, во текот на целиот меч го диктираа темпото и го контролираа резултатот, па убедливата победа беше апсолутно заслужена. Селекторот Матијашевиќ мора да биде задоволен од одиграното на оваа средба, но јасно е дека ќе треба уште повеќе да се напредува во пресрет на европскиот шампионат во Словенија.

Нашите одбојкари ги очекуваат уште две контролни средби во Австрија со домашната селекција, по што ќе следи премиерниот настап на едно Европско Првенство.

Се вчитува...