Одбојкарката Софија Ричлиева потпиша за Бешикташ

Македонската одбојкарска репрезентативка Софија Ричлиева својата кариера ќе ја продолжи во редовите на турскиот гигант Бешикташ.

18-годишната Ричлиева, која игра на позицијата техничар, досега во својата кариера има настапувано за Македонија Макс, Волеј, Рим Италија, Орду и Бујукчекмече во Турција. Сега се одлучи за трансфер во редовите на еден од најдобрите турски клубови.

Бешикташ минатата сезона заврши на петтото место во најсилната женска одбојкарска лига на светот, па во новата ќе игра и во Челинџ купот на Европа.

Се вчитува...