Одбојкарките на Србија во историско прво финале на СП

Одбојкарките на Србија за првпат во својата историја се пласираа во финале на Светско првенство.

Во полуфиналната пресметка Србинките славеа против Холандија со 3-1 (25-22, 26-28, 25-19 и 25-23), на тој начин обезбедувајќи го вториот медал во историјата на Светските првенства за оваа земја. Претходно во 2006 година стигнаа до бронзата.

Во финалето Србија ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Кина и Италија. Финалето се игра утре на пладне по средноевропско време.

Се вчитува...