Одбојкарките поразени и од Азербејџан во Европската лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го забележа и четвртиот пораз во годинашната сезона во Европската лига овојпат од репрезентацијата на Азербејџан со максимални 3-0, по сетови 25-13, 25-15 и 25-18.

Нашите девојки најголем отпор на противникот му пружија во последниот сет во кој успеаја да стигнат до 18 поени. Со овој пораз Македонија го заврши настапот на турнирот во Аликанте, Шпанија.

Следен предизвик за Македонија е турнирот на кој ќе бидеме домаќини, а на него ќе се сретнеме со Словенија и Хрватска.

Се вчитува...