Одбројуваме – 50 дена до стартот на ракометното СП 2019

Точно 50 дена остануваат до стартот на 26.Светско ракометно првенство во машка конкуренција што ќе се одржи од 10 до 27 јануари во Германија и во Данска.

Македонската репрезентација е дел од од 24 земји учеснички  на ракометниот Мундијалот. Во прелиминарната фаза Македонија ќе игра во групата Б во Минхен заедно со селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.

Берлин е домаќин на Групата А (Франција, Русија, Германија, Бразил, Кореја). Во Хенинг ќе се играат натпреварите од групата Ц (Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле, Саудиска Арабија). А, Копенхаген ќе биде домаќин на репрезентациите од Групата Д (Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет и Ангола).

Првите три репрезентации од секоја група продолжуваат во главната фаза во Келн и во Хернинг. Останатите тимови пласирани од 4 до 6 место во прелиминарната фаза, ќе играат во Президент Купот, во Келн и во Копенхаген.

Полуфиналните натпревари ќе се играат во Хамбург, а финалето и мечот за 3.место ќе бидат во Хернинг.

Македонската репрезентација со подготовките за СП ќе стартува на 20/22 декември. Според планот на селекторот Раул Гонзалес, пред настапот на СП, планирани се два контролни натпревари во јануари, најверојатно со репрезентацијата на Србија.

Настапот на СП, Македонија го почнува на 11 јануари против Јапонија. Вториот натпревар е на 13 јануари со Бахреин, а потоа следува дуелот со Хрватска наредниот ден. Последните два натпревари во групата се со Шпанија на 16 јануари и со Исланд на 17 јануари.

Се вчитува...